дели
делат; делете; делев, делеа; делел; делен; делејќи; делив, делија; делил
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Ранг: 1209
1.
Направи, прави помали делови, расчлени, расчленува нешто врз некоја основа или мерка.
Примери:
Децата го делеа лебот на еднакви парчиња.
Ги пржеа рипчињата и ги делеа на сите.
Дружината ја делеше својата пљачка.
2.
Направи, прави поделба на категории, групи, класи и сл.
Англиски:
subdivide
Албански:
nëndarje, kategorizim
Јас не ги делам луѓето на лоши и арни.
Бродовите ги делеле на три групи.
Според видот, глаголите ги делиме на свршени и несвршени.
3.
Разграничи, разграничува две нешта или едно од друго нешто.
Англиски:
separate
Албански:
ndaj, separoj
Долината ги делеше двете планини.
Реката го дели полето на три дела.
Многу нешта нè делат.
Беше потпрена на работ што го дели огништето од ѕидот.
Слично со:
разграничи (св.)
4.
Разграничи нешто по време и растојание.
Примери:
Еден чекор го делеше од работ на бездната.
Од карпата го делеа само стотина метри.
Токму еден век нè дели од тоа време.
5.
Направи, прави поделба во едно семејство, раздели, разделува, оддели, одделува од некого или од нешто.
Примери:
Родителите ги делија младите една недела по свадбата.
Ништо не може да ме дели од тебе.
Јатрвите ги делија браќата.
6.
Изгледа поинаку, се разликува, двои од нешто.
Англиски:
distinguish
Албански:
dalloj, klasifikoj
Само сивите очи и белите заби делеа во бојата.
7.
Користи, располага со нешто заеднички.
Примери:
Тие ја делат власта и фронтот.
Се сложија да живеат под еден покрив, да делат една соба.
8.
Прифати нечие мислење, став, се согласи за нешто со некого.
Примери:
Јас не го делам тоа мислење.
Никој не ја дели нејзината желба за совршенство и чистота.
Слично со:
прифати (св.)
9.
Упати зборови, искаже, намени, даде од себе некому нешто.
Примери:
Тој им дели мошне штедри и ласкави епитети.
Судијата продолжил да дели правда.
10.
Сподели, споделува, преживее, преживува нешто со некого.
Примери:
Ќе делиме заедно и добро и зло.
Не би сакал со никого да ги делам моиве ноќи тука.
Сака со некого да ја дели одговорноста.
Слично со:
сподели (св.)
11.
Врши операција делење на некој број.
Примери:
Наполно потонати во работата, тие множат, делат и собираат.
12.
(се дели) Се раздвои, се раздвојува, се раздели, се разделува на делови.
Англиски:
divide
Албански:
ndaj, coptoj
Реката се делеше во два ракава.
Патеката по која одеше се делеше на две.
На ова место се дели патот.
Слично со:
раздвои (св.)
13.
(се дели) Се раздели на групи, категории и сл.
Англиски:
subdivide
Албански:
ndja, kategorizoj
Луѓето почнаа да се собираат и да се делат на групи.
За него, сите девојки на светот се делат на две сорти.
Гласовите се делат на две групи: самогласки и согласки.
14.
(се дели) Се оддалечи, се одвои, се раздели од некого или од нешто.
Англиски:
separate
Албански:
ndaj, veçoj
Двајцата браќа сè заедно работеле и никогаш не се делеле.
Не се делам јас од неа.
Тешко му беше да се дели од родното место.
15.
(се дели) Се оддели, се издвои (со имотот) од семејството.
Примери:
Синовите веднаш по женидбата се делија.
Треба да ги натерам браќата да се делат.
Јас ќе се делам од дома.
16.
(се дели) Се оддели од нешто, не може да остане во цврст спој.
Англиски:
separate
Албански:
ndaj, veçoj
Превареното месо се делеше од коските.
Сувата кора се делеше од стеблото и паѓаше.
Изрази
Како што му делиле - како што знае и умее.
Толку му делиле - толкави му се умствените способности.
Залакот го дели (со некого) - иако нема и за себе доволно, помага, дава некому нешто.
Залакот го дели (со некого) - има еднаква судбина, живее во еднакви услови.
Изведенки
делење ср.
глаг. им.
глаг. им.